Потпишан договор за финансирање на проектот за адаптација на шеталиштето кaj реката Вардар

17.12.2019

Градоначалникот на Гостивар и постојанaтa претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан, денес потпишаа Договор за финансирање на проектот со наслов „Вклучување на маргинализираните групи во социјалниот живот преку спортски, рекреативни и културни активности“ во рамките на програмата „Зајакнување на општинските совети“, имплементиран од УНДП и финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

Проектот изнесува 50.000 швајцарски франци и предвидува уредување прилагодување на шеталиштето на реката Вардар за користење и од сгтрана на лицата со посебни потреби и маргинализираните групи.

Инаку, истиот проект беше избран како приоритетен од страна на учесниците во Форуми во заедницата.

Вреди да се напомене дека покрај реализацијата на овој проект, Општина Гостивар во Развојната програма за 2020 година има предвидено 200.000 евра за проширување на шеталиштето.

Служба за информирање