Појаснување за лизгалиштето во Гостивар

15.02.2020

Почитувани граѓани,

Ве информираме дека извесен период, лизгалиштето не функционира заради единствена причина – временските услови.

Всушност, лизгалиштата се проектирани така да можат да бидат функционачлни само кога дневните максимални температури се под 8 степени целзиусови. За наша среќа или несреќа, такви температури во текот на зимава имавме само малку, а во тие неколку дена лизгалиштето не само што беше функционално, туку ја користеа голем број млади и деца во придружба на нивните родители.

Во врска со неоснованите обвинувања на огранокот на ДУИ во Гостивар, дека наводно исчезнале лизгалките со кои Агенцијата за млади и спорт ја снабде спортската сала Гостивар, им даваме до знаење и на нив и на секој што барем малку се сомнева дека тие се наоѓаат во просториите на спортската сала и секој што сака може да се увери во тоа (фотографиите што можете да ги видите се направени во текот на денешпниот ден). Исто така, обвинувањето дека лизгалиштето на,мерно не се става во употреба за да моѓат да се паркираат возила, не само што е невистинито, туку сосема нелогично, бидејќи површината што ја зазема лизгалиптето, без разлика дали е таа во функција или не, не може да биде користено за паркирање.

Инаку, ниту едно од осумте лизгалишта во другите градови во Македонија не било функционално во топлите денови, од кои едното оддалеќено само 25 километри, во Тетово, не се искористи ниту еден миг, а со оваа општина раководи една од најекспонираните кадри токму на партијата која неосновано обвинува – ДУИ.

Сепак, врз основа на прогнозите на синоптичарите, температурите ќе се спуштат од среда и се надеваме дека сите оние кои ја обожаваат зима и сакаат да се забавуваат во зимски услови, ќе имаат можност да се лизгаат во лизгалиштето во Гостивар, кое нема претрпено никакво оштетување и е подготвено да биде ставено во функција.

Служба за информирање