ИЗВЕСТУВАЊЕ

16.03.2020

Почитувани граѓани,

Општина Гостивар, со цел да ги почитува општите препораки како и превземањето на соодветни мерки за спречување на ширењето на COVID-19 (корона вирусот) ги известува сите граѓани на Општина Гостивар да ја посетуваат административната зграда на Општината само за предмети кои се итни и нема можност да се пролонгираат.

Сите други предмети ќе се работат по добивање на нови препораки од страна на Владата на РСМ и Министерството за здравство.


Општина Гостивар формира мобилен тим со цел поголема колективна безбедност како и превенција од вирусот COVID-19 (Коронавирус).

Заради настаната ситуација, а со цел да се избегнува непосреден контакт со останати лица и да не се изложуваат на дополнителна опасност, сите возрасни лица над 60 години на територијата на Општина Гостивар, кои се изнемоштени и имаат влошена здравствена состојба, можат да се обратат на телефонските броеви:

072 577 713

072 577 741

Мобилниот тим, почитувајќи ги сите мерки на претпазливост, ќе појде до нивниот дом, ќе им ја пружи потребната помош и ќе им бидат обезбедени потребните прехрамбени намирници, средства за хигиена и/или лекови.

Општина Гостивар нема да дозволи оваа вонредна околност да ги погоди најранливите групи!

Јавното здравје е заедничка одговорност на сите нас!