известување

20.03.2020

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека големиот градски пазар нема да работи во наредните 30 дена.

Ова е заедничка одлука на градоначалникот Арбен Таравари и на Кризниот штаб во Гостивар, како и со разбирање од страна на раководителите на Претпријатието “Прогрес пазари“’ кое управува со големиот Градски пазар.

Бараме разбирање од граѓаните и апелираме да се придржуваат кон препораките за заштита од пандемијата на коронавирусот.

#БезПаника

#СедиДома

Служба за информирање