Општина Гостивар ги зајакнува превентивните мерки од коронавирусот

13.03.2020

Општина Гостивар ги засилува мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот, што зазема загрижувачки димензии на глобално ниво, а оваа пандемија ја зафатила и нашата земја.

Од синоќа, општинските јавни претпријатија започнаа со интензивно миење на главните градски улици и дезинфекција на контејнерите за отпадоци, а акцијата ќе продолжи и ќе се засилува и во наредните денови.

Чистењето и дезинфекцијата ќе се врши во главно во вечерните часови, односно по 21:00 часот, кога движењето на возила и пешаци е со намален интензитет.

Општина Гостивар апелира до граѓаните строго да се придржуваат кон препораките на Светската здравствена организација и Министерството за здравство на РСМ.

Служба за информирање