Се одржа предвање за превенција од коронавирус

04.03.2020

Д-р Фадил Цана – специјалист инфектолог во Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје, денес во салата на општинскиот совет во Гостивар одржа предавање за превенција од коронавирусот.

Претставници од основните и средните училишта, локалните институции, општински службеници, како и други присутни се запознаа со карактеристиките на новиот коронавирус Covid-19, за опасноста од него, брзото негово проширување, стапката на смртност, а со посебен акцент на неопходните мерки. за превенција од него.

Д-р Цана истакна дека треба да се направи дистинкција помеѓу гласините, митовите и фактите и дека нема потреба од паника, но воедно предупреди за големата веројатност да се прогласи пандемија затоа што епидемијата се раширила во повеќе држави и на неколку континенти.

За неопходноста од подигање на свеста и зајакнување на превенцијата од ширење на коронавирусот, инфектологот Фадил Цана, на предавањето го истакна фактот дека дури и држави со многу понапреден здравствен системи од нашиот, како што е Италија, се соочуваат со недостаток на уреди и други средства, односно со потебни капацитети за дијагностицирање и третман на лицата заболени од коронавирус.

Служба за информирање