Гостивар ќе добие туристички ифно центар

05.06.2020

Наскоро Гостивар ќе добие туристички инфо центар, каде посетителите од други места ќе можат да се запознаат со културното наследство, природните убавини, хотелските и гастрономските капацитети и др.

Ова е проект финансиран од Министерството за локална самоуправа и швајцарската СДЦ, а се спроведува од страна на Општина Гостивар во соработка со Центарот за развој на на Полошкиот плански регион. Проектот е вреден 1.300.000 денари (над 20.000 евра), каде општина Гостивар го обезбедува просторот и тековните трошоци на вработените. Истиот ќе трае 5 години со можност за продолжување на подолг период.

 

Привремениот објект е со димензии 3,20х6,06 м, веќе е поставен на градскиот плоштад и се очекува да биде пуштен во употреба многу наскоро, каде тимот на вработените ќе делат летоци и други промотивни материјали, како и потребни информации.

 

За поставување на привремениот објект, издадено е Одобрение под бр. 14-1629/2 од 08.01.2020 година, врз основа на претходна Одлука на Советот на општината која беше едногласно усвоена со 31 глас на советниците.

 

И покрај тенденциите на одредени кругови да го оцрнат овој проект, тој одлично се прифати од страна граѓаните на Гостивар и се оцени како многу умесен, особено поради фактот што Гостивар, познат како гостопримлив град, тоа ќе го докаже отсега понатаму и со суштонско информирање на посетителите за она што го нуди нашата општина.

Служба за информирање