ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните за купен велосипед за 2020 година

О П Ш Т И Н А  Г О С Т И В А Р

Врз основа на ПРОГРАМАТА (Р1) – ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДА на Општина Гостивар за 2020 година и Заклучокот за усвојување на Стратегијата за чист воздух и Програма за реализација на стратегијата од Советот на Општина Гостивар бр. 08-212/1 од 30.01.2020 („Службен гласник на Општина Гостивар број 01/20) Општина Гостивар објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на граѓаните за купен велосипед за 2020 година

1. Опис на Јавниот повик
1.1.Општина Гостивар, со цел да ги стимулира жителите на подрачјето на општина Гостивар да користат велосипеди како една од мерките на општина Гостивар за промоција на велосипедот како рекреативно и превозно средство, чие користење има многу придобивки и тоа: истото е финансиски достапно, економски исплатливо и еколошко превозно средство, придонесува за намалување на сообраќајниот метеж, како и за намалување на загаденоста на воздухот.
1.2.Општина Гостивар ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед и тоа во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
1.3. Јавниот повик ќе трае заклучно со 1 Септември 2020 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на општина Гостивар за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.
1.4. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на општина Гостивар за оваа намена, општина Гостивар ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.
1.5. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

2. Правото на учество на Јавниот повик:
2.1 Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на подрачјето на општина Гостивар кои имаат купено велосипед во период од 03.02.2020 до 01.09.2020 година и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед, а кои ги исплонуваат условите од овој Јавен повик.
2.2. Само едно лице од семејството може да поднесе барање за добивање надоместок исклучиво за купување на еден велосипед .

3. Услови што треба да ги исполни подносителот:
3.1. Подносителот треба да ги исполни следните услови:
– да е жител на општина Гостивар;
– да има платено (пријавено) данок на имот за станбениот објект каде што живее, заклучно со 2019 година.
– велосипедот да го има купено во периодот навенден во Јавниот повик, односно до исцрпување на средствата за оваа намена.

Напомена: Подносителот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за неговото барање да биде усвоено. Во спротивно, Комисијата доставува предлог до градоначалникот на општина Гостивар за неусвојување на барањето.
Исплатата на средствата ќе се изврши од страна на буџетот на општина Гостивар во сметка на подносителот чиво барање ќе биде усвоено.

4. Начин на пријавување на Јавниот повик
4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, подносителот до Kомисија на општина Гостивар треба да достави:
– барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на општина Гостивар од веб страната на Општина Гостивар www.gostivari.gov.mk);
– фотокопија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Гостивар;
– Потврда за платен данок на имот.
– фотокопија од трансакциска сметка;
– доказ во оригинал дека е извршено купување во 2020 година (во периодот истакнато во јавниот повик) и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата.
– Изјава заверена на нотар (образецот на изјавата може да се подигне во Општина Гостивар или од Веб страната на Општина Гостивар www.gostivari.gov.mk) со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:
– друг член од семејството нема поднесено барање за субвенции;
– дека не искористил субвенција/ надомест на дел од трошоци за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија
4.2. Подносителот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „ Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипед “ во архивата на Општина Гостивар, на адреса бул.Браќа Ѓиноски бр.61 Гостивар, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот.
4.3. На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купен велосипед за 2020 година “.
4.4. Архивата на Општина Гостивар примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

5. Начин на спроведување на јавниот повик
5.1. Градоначалникот на Општина Гостивар формира Комисија за спроведување на Јавниот повик, која ќе ја спроведе постапката, ќе ги разгледа пристигнатите барања и документацијата дадена во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни .
5.2. За пристигнатите и обработени барања ќе се води листа со следните податоци:
– име, презиме и адреса,
– датум и час на пристигнатата пријава на Јавниот повик,
– износ на надоместокот за подносителот и износ на персоналниот данок на доход.
5.3. Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, по претходно донесени решенија за усвојување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Гостивар.

6. Начин на остварување на правото на надоместок
6.1 По објавувањето на Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавување на велосипед, на веб-страницата на Општината и во најмалку еден печатен/електронски медиум, во определениот рок граѓаните со пополнување образец (барање), вклучувајќи ја и целата потребна документација ја доставуваат во архивата на Општина Гостивар.
6.2.Градоначалникот на општина Гостивар на предлог на Комисијата носи решение за усвојување на барањето за подносителите кои ги исполниле условите од овој Јавен повик, а во случај на неусвојување на барањето на предлог на Комисијата, Градоначалникот на општина Гостивар дава писмено известување за неусвојувањето.
Комисијата ќе изготви предлог до градоначалникот за донесување Решенија за исплата на финансиските средства на барателите за кои е утврдено дека ги исполниле условите според редот на пристигнатите барања по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на обезбедените средства со буџетот на Општина Гостивар за 2020 година за таа намена.
6.3 По завршувањето на Јавниот повик, комисијата формирана за таа намена врши проверка на пристигнатите пријави. Комисијата ги известува барателите доколку немаат уредна и комплетна документација и им ја враќа истата во прилог на известувањето.

– Јавен Повик
– Deklarata
– Kërkesë
– Изјава
– Барање