Депонија “Русино“, шефот на кабинетот на градоначалникот на Гостивар – Валбон Лимани, се сретна со претставници на АРСМ

29.07.2020

Шефот на кабинетот на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, Валбон Лимани прими делегација од Командата за распоредување во Армијата на Република Северна Македонија, предводена од полковник Агрон Незири и консултантот на тимот за управување со цврст отпад од Швајцарскиот секретарија за економски прашања (СЕЦО), Алекса Томовски.

За време на оваа средба, која дојде на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски и државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање г-ѓа. Ана Петровска, Лимани ги запозна гостите за најновата состојба во регионалната депонија “Русино“, која гори подолго време, а Општина Гостивар е оставена осамена да се справи со оваа депонија каде што се депонира отпадот од сите девет полошки општини. Полковникот Агрон Незири од Командата за распоредување на Армијата на Северна Македонија, вети дека тие ќе бидат во готовност да и помогнат на Општина Гостивар доколку продолжи да гори депонијата „Русино“, со нивна машинерија и човечки ресурси. На средбата, страните се согласија дека е потребна поблиска соработка во иднина, не само за депонијата „Русино“ која и ја посетиле, туку и во други области од заеднички социјален интерес.

Инаку, за време на синоќешната јавна дебата организирана од страна на Општина Гостивар со претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, невладини организации и еко-активисти од Гостивар, градоначалникот Арбен Таравари најави дека од наредниот понеделник, во “Русино“, освен Гостивар ниту една друга полошка општина не ќе може да фрла отпад.