Уредување на улица и изградба на канализација во населбата Балиндолска

,

29.07.2020

Општина Гостивар во рамки на Програмата РОМАКТЕД (финансиран од Европската унија и Советот на Европа) спроведува проект за целосна реконструкција на улица, односно изградба на канализација и поплочување со бекатон во нас. Балиндолска.

Станува збор за населба населена главно од припадници на ромската заедница, маргинализирана со децении.

Во рамките на истата програма, предвидено е Општина Гостивар да продолжи со реконструкција и изградба на канализација и во населба Керамидница, каде што мнозинството локални жители се припадници на ромската заедница.

„Имплементацијата на овие проекти е од клучно значење за подобрување на условите за живеење на ромското население во општина Гостивар. За ова треба да се заблагодариме на општина Гостивар и градоначалникот Арбен Таравари, но воедно треба да се потенцира и посветеноста и придонесот на ромските активисти преку програмата РОМАКТЕД “, вели Бари Абдули – активист на ромската заедница.

Создавањето задоволителни инфраструктурни услови во сите населени места и за сите граѓани, останува главниот приоритет на Општина Гостивар во овој мандат.

Служба за информирање