Сoстојбата со „Ковид-19“ во Гостивар е мошне сериозна, апел до централните институции за поактивен пристап во Кризниот штаб
На денешниот редовен состанок на Меѓуопштинскиот кризен штаб – Гостивар, со кој претседаваше Валбон Лимани – шеф на кабинетот на градоначалникот Арбен Таравари, беше утврдено дека состојбата со „Ковид-19“ во гостиварскиот регион е доста сериозна.
„Има вкупно 261 активен случај, во Гостивар 214, во Врапчиште 42 и 5 во Маврово-Ростуша. Од нив, 241 се под домашна нега, а 20 се хоспитализирани. Бројот на заразени е 283 лица, а извршени се вкупно 1954 тестови. Бројот на оние кои починале е 28“, истакна Лимани.
Тој забележа дека на последните состаноци не присуствуваа претставници на централните институции, апелирајќи за нивно активно учество и строго почитување на препораките и протоколите за ефективна заштита од пандемијата со Ковид-19, од страна на граѓаните.
Наредниот состанок беше закажан за 18 август во 11:00 часот.
Служба за информирање