Соопштение за медиумите за почетокот на учебната 2020/2021 година

,

Општина Гостивар, односно Секторот образование, на 10.08.2020 година, на состанокот што се одржа со претставниците на сите основни и средни училишта во врска со нацрт-планот и протоколот за настава за учебната 2020/2021 година, побара од училиштата да достават извештај од прашалникот изготвен од страна на  Министерството за образование во врска со почетокот на учебната година според трите модели:

  1. Со физичко присуство во училиште,
  2. Комбиниран модел 50:50,
  3. Онлајн настава

Анкетата беше спроведена со наставници, стручните служби на училиштата и родителите.

Од извештаите доставени до Секторот образование од страна на средните и основните училишта, резултатите од анкетите се со поголем процент за Модел 1: наставата да се одвива со физичко присуство, додека за другите два модела комбинирано и онлајн настава имаме различни ставови од училиштата, при што некаде се фаворизира вториот модел, а некаде третиот.

Што се однесува до училиштата, сите се изјаснуваат дека се подготвени за почетокот на учебната година, но се појавува потреба да се зголеми бројот на хигиеничари за спроведување на пропишаниот протокол според првиот модел, барање од некои училишта е реализација на тестот за Ковид 19 за наставен кадар, а доколку се одлучи за онлајн настава, дел од училишта бараат обука за наставниците за ефективна настава. А средното медицинско училиште, според нивниот извештај донеле едногласна одлука за започнување на онлајн настава во учебната 2020/2021 гос.  со што не го поддржуваат првиот модел заради големиот број ученици и немање услови и простории за почитување на протоколот за заштита од Ковид-19.

Секторот за образование е при крај на собирањето податоци и информации од средните и основните училишта, кои потоа ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука, каде што посебен акцент ќе биде ставен на овие потреби и барања од страна на училиштата, како што се: – зголемување на бројот на хигиеничари, – обука на наставниците за одржување на онлјан настава и тестирање за Covid 19 на наставниот кадар.

Можеме да заклучиме дека и покрај подготвеноста на училиштата за почеток на учебната година во септември во општина Гостивар, ние сепак ќе ги почитуваме одлуките на Министерството за образование и наука