Во Гостивар, низа активности во рамките на Европската недела на движење

16.09.020

Со денешната активност со која се промовираа новоизградените велосипедски патеки, денес во Гостивар започна одбележувањето “Европската недела на движење“ која ќе трае до 22 септември.

– “Европската недела на движење е настан што се организира во над 2.400 европски градови од 16 – 22 септември, каде што се организираат разни активности и се третираат многу теми во однос на заштитата на животната средина. Општина Гостивар во соработка со невладината организација ГвЕко, неделата ќе ја одбележи со разни активности, заокружувајќи ја на 22 септември со завршна манифестација “Во град без возила“ со дефиле во в оглавните градски улици “, нагласува Зуди Џелили – одговорен за заштита на животната средина во Општина Гостивар

Активностите за мобилност во европските градови се одвиваат под разни мото-а, но главната тема е “Патувај мудро, живеј подобро“.

За да се надмине овој наметнат начин на живот, постојат многу креативни можности како што се пешачење или возење велосипед до работа, или пак други физички активности што ги бара динамичниот урбан живот.

Нема потреба од големи материјални средства за подобрување на квалитетот на урбаниот живот во Гостивар. Постојат реални можности да се одржува постојното зеленило, да им се овозможи на граѓаните слободно да се движат со велосипед и пеш за да ги извршуваат потребните дневни активности, и во минимум да се користат возилата.

Во склоп на “Европската недела на движење“, на 21 септември, во соработка со организацијата „Цивил“ ќе се одржи работилница во отворениот градски амфитеатар.

Служба за информирање