ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека на 26.10.2020 (понеделник) ќе започнат работите за реконструкција на улица “Илинденска“ во делот од кружниот тек кај Трговскиот центар “Јавор“ до бензинска пумпа “Бунар петрол“.

Додека траат работите, во овој дел сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови, а во одредени моменти ќе биде и блокиран.

Се замолуваат возачите да ја избегнуваат оваа улица за време на работите, а жителите на населбата да не ги паркираат своите возила на улици и тротоарите.

Ви благодариме за разбирањето!