Таравари им додели Признанија на инфектолозите Цана, Демири и Нешковски

05.11.2020

Во знак на почит кон нивниот придонес и пожртвуваност за да им излeзат во пресрет на заразените со Ковид-19, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денес им додели Признанија на тројца еминентни инфектолози од полошкиот регион.
„Иако ја ценам и почитувам работата и пожртвуваноста на сите лекари и дург медицински персонал во справувањето со пандемијата, мислам дека д-р Фадил, д-р Илир и покојниот д-р Трајче се главните експоненти кои биле спремни 24 часана ден да помогнат до максимум и да им даваат потребни информации на граѓаните од поширокиот гостиварски регион во врска со инфицираните со Ковид-19“, нагласи Таравари.

Тој исто така информира дека на следната седница на Советот на општина Гостивар ќе им предложи на советниците да донесат одлука, тројцата почитувани лекари да бидат прогласени за почесни граѓани на Гостивар.
„Овие Признанија јас ги разбирам како благодарност до сите мдицинари кои со најголема посветеност работеа во лекувањето и спасувањето животи. Признанијата или наградите треба да се сфатат како респект и привилегија, но повеќе како обврска за да се ангажираме уште повеќе во нашата работа“, нагласи инфектологот др. Фадил Цана.
Постхумното Признание за починатиот инфектолог Трајче Нешкоски, ќе им биде предадено на неговите родители.

Служба за информирање