Општина Гостивар додели десет стипендии за млади спортисти

05.02.2020

Општина Гостивар додели десет стипендии за исто толку млади таленти од областа на спортот. Најпрвин, потписи ставија младите спортисти заедно со нивните родители, за да продолжат со прием кај градоначалникот Арбен Таравари, кој по потпишувањето, лично им ги додели стипендиите.

„Им посакувам на младите спортисти од градот за понатамошен успех и знаат дека поддршката од општината никогаш нема да изостане за личности кои го прават горд Гостивар. Бројот на стипендисти од областа на спортот што ќе биде поддржан од Општина Гостивар, ќе се зголеми двојно следната година. Верувам дека оваа година имаме можност да ја зголемиме оваа бројка за уште пет стипендии за исто толку спортисти “, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Берат Јакупи, општински советник, воедно советник за спорт на градоначалникот Таравари, објаснувајќи го начинот на избор на таленти кои добиле стипендии, рече дека оценувањето  е спроведено од надлежни лица и дека постапката е многу правилна.

„Следната година, како критериум за добивање стипендија од Општина Гостивар, че биде и успехот во училиште на младите спортисти. Тие, исто така, мора да бидат одлични ученици, за да пораката што ја испраќаат до општеството биде целосна “, изјави Берат Јакупи, советник во Општина Гостивар.

Оваа поддршка од Општина Гостивар ја поздравија родителите и самите млади спортисти. Присутните родители истакнаа дека оваа помош ќе го олесни товарот на финансирање на нивните деца во нивните спортски кариери. Стипендиите се во износ од 50 евра месечно, а младите спортисти ќе ги приммат цела година. Инаку, ова е првпат млади спортски таленти да бидат финансиски поддржани од страна на Општина Гостивар.

Служба за информирање