Со Меморијален марш, утре ќе се обележи двегодишнината од трагедијата кај Ласкарци

12.02.2021

Општина Гостивар и оваа година во целост ја поддржува иницијативата на група граѓани/планинари за организирање на Меморијален марш во чест на 16-те жртви кои трагично ги загубија своите животи во сообраќајната несреќа кај село Ласкарци.

На денешната средба, градоначалникот и организаторите, имајќи ги предвид прогнозите на синоптичарите дека утре ќе се задржат многу ниски температури проследени и со врнежи од снег, се согласија истиот да започне од Наплатна рампа во Гостивар (16:30 часот), зачувувајќи ја симболиката и со опфаќање на што повеќе учесници.

Маршот ќе заврши во 17:45 часот на градскиот плоштад, каде ќе се одржи симболична церемонија во спомен на жртвите и солидаризирање со семејствата на починатите.

Општина Гостивар ги поканува граѓаните да бидат дел од овој настан, строго придржувајќи се кон мерките за заштита од КОВИД-19.

Следи Рутата и Агендата на Маршот:

16:15 – Поаѓање од Општина Гостивар со организиран превоз

16:30 – Пристигнување на учесниците кај Наплатна рампа Гостивар

 (Изјава за печатот на градоначалникот и организаторите)

16:50 Старт на Маршот

(Наплатна рампа- ул. Илинденска – поранешен „Жито Шар“ – „Дам Ком“ – поранешна „Стопанска банка“ – Градски плоштад)

17:45 – Пристигнување на градски плоштад

(Симболична церемонија – Обраќање на градоначалникот Арбен Таравари и организаторите)

Служба за информирање