Комеморативна средба во чест на професорката Зејнепе Барди Челебиу

06.04.2021

Во салата на Советот на Општина Гостивар, денес се одржа комеморативна средба во чест на професорката по биологија Зејнепе Барди Челебиу, која по кратко боледување почина на 43-годишна возраст, оставајќи ги зад себе сопругот Беким Челебиу, синот Детјон и ќерката Ерин.

Пред роднините, пријателите и колегите, говор одржа градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој смртта на професорката ја оцени како длабока болка не само за членовите на семејството, туку и за сите оние кои ја познаваа одблизу.

– Зејнепе Барди Челебиу, отвори голема рана во срцата на нејзиното семејство и му нанесе голема болка на секој човек што ја познаваше, учениците и колегите. Таа беше порфесор по биологија и со своето знаење и благородна душа, едуцираше девојчиња и момчиња кои никогаш не ма да ја заборават.

Таа беше и неуморна активистка со ретко развиен концепт за заедницата во однос на животната средина и здавјето. Беше и дел на Форумот на жените на Алијансата за Албанците во Гостивар, бидејќи не можеше да седи со вкрдстени раце и да гледа како се деградира општеството. Ќе ни недостига една таква госпоѓа, која беше редок и вреден архитект на животот. Сочувтсво до семејството, Бог нека му ги чува децата!    – рече меѓу другото градоначалникот Таравари.

Претседателот на Советот, Бесим Мемеди, како соселанец и семеен пријател зборуваше за благородништвото и искрениот дух на починатата, а во името на колегиумот на ОУ „Исмаил Ќемали“, каде таа работеше долги години, реферат прочита Бурим Капроли.

На присутните, со краток но многу емотивен говор, им се заблагодари сопругот Беким Челебиу и нејзиниот брат Шемси Барди.

Служба за информирање