Јавен оглас

,

Врз основа на член 50 став 1 точка 14 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр.05/02), член 22 став 1 точка 1 и 2 од Законот за работни односи(Службен Весник на Република Македонија бр.62/2005; 106/2008; 161/2008; 114/2009; 130/2009; 149/2009; 50/2010; 52/2010; 124/2010; 47/2011; 11/2012; 39/2012; 13/2013; 25/2013; 170/2013; 187/2013; 113/2014; 20/2015; 33/2015;72/2015;129/2015,27/2016,134/2016,120/2018,110/2019 и 267/2020), ,  член 20-г став 1од Законот за вработените во јавниот сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр. 27/2014,199/2014, 27/2016,35/2018,198/2018,143/2019 и 14/2020), и член 11 став 1 од Законот за пожарникарството (“Службен весник на Република Македонија” бр. 67/2004, 81/2007, 55/2013, 158/2014, 193/2015,39/2016 и 152/2019), во согласност со Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на  Општина Гостивар бр.09-2110/1 од 14.12.2016 година,во прилог на документацијата нема Мислење од МИОА бидејќи неколку пати е побарано,но одговор нема!

Согласно член 20 б став 10 од Закон за вработените во јавниот сектор ако од МИОА не постапат согласно барањето за согласност се смета дека согласноста е дадена,и според ова  Градоначалникот на Општина Гостивар донесе:

ЈАВЕН ОГЛАС

бр.04/2021

за пополнување на работно место на неопределено време, во Територијалната противпожарна единица на Општина Гостивар

IНазив на работното место: Пожарникар спасител,

Шифра на работното место: ПОЖ0210В04000,

Број на извршители:7 (седум).

Општи услови:

да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и  

– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

Стручни квалификации: ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование,

– Работно искуство: со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработувањена Република Македонија како работен стаж

Други посебни услови:

-Избраниот кандидат од јавниот оглас кој ќе биде вработен во Територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наукана Република Македонија, во спротивно му престанува вработувањето.

Работно време и износ на плата:

Распоред на работното време:работа во две смени од 07.00 до 19.00 часот и од 19.00 до 07.00 часот,

Работни часови неделно:40,

Основна нето плата:16.740,00 денари

Потребни општи работни компетенции:

учење и развој;
комуникација;
остварување резултати;
работење со други/тимска работа;

– ориентираност кон засегнатите страни;

(Проверка на општите работни компетенции ќе биде

извршена во фазата на интервју).

Напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2021 година, вработувањето е предвидено за 4 Албанец(ка), 2 Македонец(ка) и  1 Турчин (ка) .

II.-Назив на работното место: Пожарникар спасител-возач

– Шифра на работното место: ПОЖ0210В03000,

– Број на извршители:6 (шес).

Општи услови:

да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и  

– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.  

Посебни услови:

Стручни квалификации: ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование,

– Работно искуство: најмалку една години работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработување на Република Македонија како работен стаж

Други посебни услови:

Избраниот кандидат од јавниот оглас кој ќе биде вработен во Територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наукана Република Македонија, во спротивно му престанува вработувањето.

– Возачка дозвола “Ц“ категорија.

Работно време и износ на плата:

Распоред на работното време:работа во две смени од 07.00 до 19.00 часот и од 19.00 до 07.00 часот,

Работни часови неделно:40,

Основна нето плата:16.740,00 денари

Потребни општи работни компетенции:

учење и развој;
комуникација;
остварување резултати;
работење со други/тимска работа;

– ориентираност кон засегнатите страни;

(Проверка на општите работни компетенции ќе биде

извршена во фазата на интервју).

Напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2021 година, вработувањето е предвидено за 4 Албанец(ка), 1 Македонец(ка) и  1 Турчин (ка).

Кандидатите треба да доставуваат:

– Кон пополнетата пријава за вработување во јавниот сектор (посебен образец) која се наоѓа во прилог на огласот објавен на веб страницата на Општина Гостивар (www.gostivari.gov.mk), заинтересираните кандидати треба да достават:

Уверение за државјанство (оригинал или копија заверено на нотар, не постаро од шест месеци),

Диплома за завршено образование, (оригинал или копиja заверено на нотар),

-Доказ дека не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност (оригинал или копија заверено на нотар, не постаро од шест месеци),

-Докази за работното искуство (преглед или историјат од  Фондот за пензиско и инвалидско осигурување или Центарот за вработување и други докази за работно искуство),

-Лекарско уверение за општа здравствена способност, не постаро од шест месеци.

Потребните документи во прилог на пополнетата пријавата за вработување во јавниот сектор, кандидатите треба да ги достават во рок од 5 (пет) работни дена, од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат, не сметајќи го денот на објавувањето.

Документите можат да се доставуваат лично во архивата на Општина Гостивар,  или по пошта на адреса: До Општина Гостивар Бул.Б.Ѓиноски бр.61, 1230 Гостивар,  со назнака “За јавниот оглас за вработување бр.04/2021“.

Постапката за селекција се спроведува од страна на Комисија за селекција и спроведување на интервју, формирана од Градоначалникот, во следните фази:

Административната селекција која се спроведува во рок од осум дена, по истекот на рокот за пријавување на кандидатите и се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување, приложените докази и нивно бодување.

Спроведување на интервју во рок од осум дена од завршувањето на административна селекција, со оние кандидати кои ја поминале проверката наверодостојност на доказите и се евидентирани како уредни.

Изготвување на ранг-листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција

Изборот на кандидатот за вработување  ќе се изврши најкасно во рок од 15 (десет) дена од завршување на постапката за селекција во сите фази.

Ненавремено доставените документи, нема да се разгледуваат од страна на Комисијата за селекција и спроведување на интервју.

Доставено до:

– Центар за вработување – Гостивар

– Дневните весници “Нова Македонија“ и “Коха“

– Одделение за управување со човечки ресурси

– архива

ДОКУМЕНТ – ПРИЈАВА : Shtojcë – Fleteparaqitje- Прилог -Пријава