Во сабота со марш ќе се промовира планинската патека „Виножито“

21.07.2021

Општина Гостивар и Врапчиште во соработка со Планинарското друштво „Шари“, организира марш за промовирање на планинската патека „Виножито“.

Оваа планинарска патека започнува над селото Здуње, минува низ село Долно Јеловце, местото викано Рамен Камен, планинарската куќа „Шари“ над Вранвјовце и завршува во Врапчиште.

На маршот ќе учестваат градоначалниците на Гостивар и Врапчиште, Арбен Таравари и Исен Шабани, општини на чија територија поминува патеката „Виножито“, а поканети се и дипломати од пријателските земји на РСМ.

Маршот има за цел да ги охрабри граѓаните да се занимаваат со пешачење во природа, спорт и рекреација, како и промоција на руралниот туризам. Општина Гостивар ги повикува граѓаните масовно да учествуваат во оваа рекреативно-спортска активност.

Маршот ќе се одржи на 24 јули (сабота), а со агендтата и другите детали, граѓаните ќе бидат навремено известени од страна на Одделението за заштита на животната средина во близина на Општина Гостивар!

Служба за информирање