Градоначланикот Таравари се сретна со францускиот амбасадор Баумгартнер

29.07.2021

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денеска го прими на ардеба за запознавање новиот амбасадор на Република Франција во Скопје, Сирил Баумгартнер.

Градоначалникот Таравари и амбасадорот Баумгартнер разговараа за претстојните локални избори, пописот на население и евроинтегративните процеси на Северна Македонија во Европската унија.

„Се надевам дека соработката ќе се продлабочи и ќе биде на ниво како што Гостивар имаше пријателство со поранешниот француски амбасадор во нашата земја, Кристијан Тимониер. Му честитав на амбасадорот Баумгартнер за новата задача и можам да кажам дека советите на пријателите, од пријателска земја како што е Франција, се добредојдени не само за Гостивар, туку и за целата наша држава“, изјави градоначалникот Таравари по средбата.

По протоколарната средба, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и францускиот амбасадор Сирил Баумгартнер, прошетаа низ градот Гостивар.

Служба за информирање