Состанок на меѓуопштинскиот Кризен штаб – Гостивар: Состојбата со пандемијата е сериозна, но под контрола

24.08.2021

 

Зголемувањето на бројот на новозаразени лица во гостиварско е загрижувачко и потребно е да се спроведат активности за континуирано почитување на мерките за заштита од коронавирус. Ова е оценката на кризниот штаб за подрачјето на Гостивар, која по неколкумесечна пауза, повторно се состана. Престедталеот на Кризниот штаб, Арбен Таравари, истакна дека ситуацијата е сериозна, но под контрола. Тој најави дека Општина Гостивар е подготвена на здравствените институции, за вакцинација на населението, да им отстапи свои простории, меѓу кои и спортската сала.

“На денешниот состанок дојдовме до следниве шетири заклучоци:

  1. Ситуацијата е сериозна, но под контрола;
  2. Апелираме до граѓаните да се придржуваат до препораките на институциите;

3.Апелираме до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вакцинацијата е најдобрата заштита од оваа болест, утвдрено од сатра на многу светски истражувања, и

  1. Општина Гостивар ги отстапува своите капацитети за отворање на нови пунктои за вакцинација на територијата на Гостивар“, изјави градоначалник на Гостивар, истовремено и претседател на Кризниот штаб во Гостивар, Арбен Таравари.

Во врска со ставањето во карантин на Гостивар, Таравари истакна дека ова не е во надлежност на локалната власт и додека локалните здравствени институции тврдат дека ситуацијата е под контрола, нема потреба од такво нешто.

„Внимателно го слушав директорот на Болницата и претставникот на Здравствениот дом и среќен сум што ситуацијата е под контрола, има капацитет и независно како се гледа однадвор, вакцинација во Гостивар, внатре во Здравствениот дом се одвива без пречки. Ние како општина немаме надлежности за карантинска мерка и додека тоа не го бараат соодветните институции, нема да направиме такво нешто“, додаде Таравари.

На крајот од состанокот, беше истакнато дека доколку е потребно, Кризниот штаб повторно ќе се состане.

 

Служба за информирање