Општина Гостивар единствената општина од полошки регион која учествува во втората фаза на ReLOaD2

Општините Гостивар, Куманово, Битола, Охрид, Гевгелија, Кочани, Велес и Крива Паланка се избрани да учествуваат во втората фаза од Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2) во рамките на директни и отворени јавни повици до локалните власти од седумте плански региони: Источен, Северо-источен, Пелагониски, Полошки, Југоисточен, Југозападен и Вардарски регион.
Проектот ReLOaD2 е финансиран од Европската унија и имплементиран од УНДП.
– Избраните општини ќе бидат главните корисници на финансиска помош и техничка поддршка на проектниот тим што ќе го зголеми капацитетот на општините и граѓанските организации (ГОи) да се вклучат во продуктивни партнерства и да придонесат за подобрување на испораката на услуги и реализација на локалните приоритети во согласност со стратегиите за развој. На општините ќе им се помогне да воведат и институционализираат транспарентни механизми за финансирање на ГОи од општинските буџети, со што ќе се обезбеди зголемено учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки и испорачување јавни услуги“, велат од Општина Гостивар.
Избраните партнерски општини ќе имаат можност да користат грантови во вредност од над 900.000 американски долари за финансирање на проекти на граѓански организации од јавен интерес, кои се во согласност со целите за одржлив развој.

– Во наредниот период, проектниот тим ReLOaD2 ќе работи со локалните службеници во спроведувањето на активности, како што се обуки за градење капацитети за да се обезбеди целосна транспарентност во идното финансирање на граѓанското општество од локалните буџети – соопштува Општина Гостивар.

Проектот, исто така, ќе го промовира ангажирањето на младите и ќе ја поддржи имплементацијата на младинските иницијативи за подобрување на нивните економски перспективи на териториите на партнерските влади.