Овој месец обележјето ГОСТИВАР е посветено на жените!

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, ученици од СОМУ „Гостивар“ на обележјето ГОСТИВАР нацртаа цвеќе.
Ова нека послужи за подигање на свеста против насилството и дискриминацијата врз жените во општеството.
Жените се темел на здраво општество, па затоа не само денес, туку 365 дена во годината заслужуваат внимание, слобода и заслужена еднаквост.
Честитки! 🌹