ЗГ ЦеПроСАРД во соработка со општина Гостивар, за поддршка на социјалното претприемништво и одржлив зелен развој

На 04.04.2022 во кабинетот на Градоначалникот на Општина Гостивар, проектниот тим на проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – “Не оставај никој зад себе”, имплементиран од Здружението на граѓани  – Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД, одржа работен состанок со градоначалникот на општината, г-н. Арбен Таравари.

На состанокот претставниците на ЗГ ЦеПроСАРД ги презентираа досегашните имплементирани активности на здружението и активностите на тековниот проект Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – “Не оставај никој зад себе”. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Се разговараше за најдобрите начини за контакт на засегнатите страни кои би придонеле за реализација на предвидените проектни активности.

Градоначалникот, г-н. Арбен Таравари го сподели своето видување околу можностите кои ги нуди општина Гостивар за поддршка и развој на социјалното претприемништво, потребата од заштита на животната средина како и потребата од развој на зелен економски раст на територијата на општината.

Беше споделена информација за соработката со ЗГ ЦеПроСАРД во изминатиот период, како и потребата од заедничко делување за развој на социјалното претприемништво во општина Гостивар, како и мислење за моменталната состојба во поглед на социјалното претприемништво во општината, и за можна соработка со социјални организации и развивање на нивните капацитети.

Како пример за можна соработка беше наведен  Центарот за Аутизам, на кој општината има за цел да му донира опрема, каде обучени нутриционисти ќе составуваат список на јадења од органска храна кои обучените лица ќе може да ги подготвуваат. Како следен пример беше посочена локална организација која неуморно за време на пандемијата со КОВИД-19 па сѐ до денес подготвува храна за повеќе од 300 семејства во ризик, од општината и околните населени места, набавката на намирници е од страна на бизнис секторот како нефинансиска поддршка, а во подготовката на оброците учествува лице со попреченост со даунов синдром. 

Градоначалникот изрази заинтересираност за понатамошна соработка и поддршка на целокупниот процес на Социјалното Претприемништво, како и за можностите за идна соработка на Општината со граѓанскиот сектор, при што претставниците на ЗГ ЦеПроСАРД ја истакнаа можносат за соработка и на други проекти од разни донатори како што се ЕУ или други институции.

На состанокот беше потпишан и Меморандум за соработка во насока за давање на меѓусебна поддршка, помош и соработка за реализирање на активности кои се од заеднички интерес.