Имав чест и задоволство да ја посетам општина Ејупсултан во Република Турција

Имав чест и задоволство да ја посетам општина Ејупсултан во Република Турција.
Му благодарам на градоначалникот Дениз Кекен за братското гостопримство и во знак на почит му врачив плакета со симболот на градот Гостивар.
За време на средбата, на која бев придружуван од претседателот на Советот на општината – Валбон Лимани, со нашите пријатели од општината Ејупсултан разговаравме за нашата идна соработка, размена на добри практики во локалната самоуправа и други теми од заеднички интерес. Во оваа прилика решивме како две пријателски општини да се збратимиме. Свечениот чин на официјализирање на збратимувањето, се договоривме да се случи во мај годинава.

Добив и ветување од градоначалникот Кекен дека ќе ни помогне во развојот на земјоделството и сточарството, а помошта ќе дојде преку Меѓународната асоцијација „City agriculture“, каде што членува и нашата општина.
Градоначалникот ни ја покажа и донацијата од општина Ејупсултан со облека и обувки што ги подготви за вработените во Комуналното јавно претпријатие „Комуналец“ од Гостивар.
Заминав задоволен од оваа посета и го поканив градоначалникот Кекен на возвратна посета на општина Гостивар.