ООУ “Гостивар“ – гимназија, со нови прозори

Благодарение на соработката со УСАИД во Проектот за меѓуетничка соработка на младите во училиштата, Општина Гостивар доби грант за замена на дел од прозорците, што започна денеска.

Како Општина решивме, со дополнителна инвестиција, да ги замениме сите прозорци, со што значително ќе се подобрат условите за учениците и ќе се постигне поизразена енергетска ефикасност.
Со вложување во училиштата, вложуваме за нашата иднина.