Нашата општина во соработка со Агенцијата за маркетинг и менаџмент „Евростеп“ од Скопје, организираше бизнис саем во Гостивар

Нашата општина во соработка со Агенцијата за маркетинг и менаџмент „Евростеп“ од Скопје, организираше бизнис саем во Гостивар.

Саемот што денеска се отвори во спортската сала „Ринија“ собра 26 различни локални бизниси (16 од Гостивар), кои ја претставија својата понуда.
Саемот претставува можност за промовирање на производите и понудите од гостиварскиот регион и нивен развој.

Во склоп на саемот, вечерва ќе има и културно-забавна програма, а утре ќе биде затворен со бизнис форум.
Сакам да се заблагодарам на заменик-градоначалникот на Гостивар, Намик Дурмиши, кој го отвори овој саем, како и на организаторите и компаниите учесници.
Посакувам овој деловен саем да стане традиционален во нашиот град.