Општина Гостивар официјално ја отвори Летната школа „Гостивар 2022“

,

Со пригодна свеченост, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, свечено ја отвори Летната школа „Гостивар 2022“, организација која за прв пат доаѓа во општина Гостивар.

На Летната школа ќе учествуваат повеќе од 720 ученици и повеќе од 40 инструктори од различни професии, кои денеска меѓусебно се запознаа.

Настанот има за цел да ги вклучи децата на возраст од 7-14 години во различни активности во текот на летото. Целта на Летната школа е и откривање на новите таленти на градот во различни области.

Летната школа ќе трае шест недели. Менторите се оставени слободно да изберат простори каде што ќе ги спроведуваат курсевите со студентите, а се преферира избраната средина да биде под отворено небо.