Општина Гостивар ангажираше 25 вработени за организација на јавни работи

Општина Гостивар по втор пат го доби проектот со кој преку јавен оглас за организација на јавни работи се ангажирани 25 невработени лица со ниски квалификации.

Имплементацијата на оваа програма за вработување доаѓа преку Работниот клуб на Агенцијата за вработување на РСМ – Центар за вработување на чија територија се наоѓа седиштето на ЕЛС.

Вработените ќе бидат ангажирани најмногу 22 дена и ќе земаат дневница од 600 денари со вклучен персонален данок.

На првиот работен ден на ангажираните работници, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Тарачари, ги посети и ја набљудуваше работата на работниците во касарната во Долна Бањица.