Гостивар го одбележува Меѓународниот ден на храната

,

Под покровителство на општина Гостивар, речиси во сите основни училишта, со пазари за храна, денеска беше одбележан Меѓународниот ден на храната.

Средствата собрани од пазарите со храна во гостиварските училишта ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Во оваа прилика, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари заедно со својот тим присуствуваше во основното училиште „Перпарими“ во село Чегране.

“Им честитам на учениците, родителите и наставниците за приготвените јадења и за гостопримството достојно на нашата традиција со. Леб, сол и срце. Како локална самоуправа сме во фаза на подготовка на кујна во која ќе се подготвува здрава храна. Оваа кујна, прва од ваков тип кај нас, со храна ќе ги снабдува и основните училишта низ територијата на нашиот град”, изјаво градоначалникот Арбен Таравари.