Градоначалникот Арбен Таравари се сретна со амбасадорот на Република Словениа во РСМ, Милан Предан

 

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, неговата екселенција, Милан Предан.

На средбата се разговараше за локалниот развој но и за развојот на билатералните односи меѓу двете земји.

„Разговаравме за развој на локално ниво, продлабочување на соработката и пријателството меѓу нашата општина и Република Словенија, збратимување со која било од општините од оваа држава, можни инвестиции на компании со словенечки капитал во Гостивар и други теми од локален карактер. Разговаравме и за развојот на билатералните односи меѓу двете земји и за коректните активности што ќе бидат преземени во наредниот период за нашата земја за интеграција во ЕУ“, истакна градоначалникот Таравари по средбата.

На средбата, амбасадорот Предан изрази надеж дека Словенија преку своето искуство ќе и помогне на Северна Македонија успешно да го заврши преговарачкиот процес.