Општина Гостивар почнува со асфалтирање на yлица во Горна Бањица

 

Општина Гостивар почнува со асфалтирање на yлица во Горна Бањица

Општина Гостивар започна со асфалтирање на улица во селото Горна Бањица. Патот е во должина од 600 метри, додека сите подземни инсталации се однапред завршени.

„Гостивар работи, 600 метри асфалтирање во Горна Бањица. По завршувањето на подземната инфраструктура, како нов водовод и канализација, деновиве почнаа работите и за асфалтирање на улицата во Горна Бањица, во должина од над 600 метри“, пишува градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Од општина Гостивар најавуваат дека по оваа улица ќе продолжат со инфраструктурни инвестиции во секое населено место според планот за развој но и тековните потреби на граѓаните.