ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР

Врз основа на член 36 и 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02), Член 16, 17, 18 од Законот за младинско учество и младински политики (Службен весник на РСМ бр. 10/2020) и член 42б од Статутот на Општина Гостивар се објавува:

Јавен повик за формирање Иницијативен одбор (ИО)

Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во креирањето на Советот. Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и единствено тие членови имаат улога да го формираат Локалното собрание за млади.

Времетрањето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади.Општината е задолжена за нивна селекција и работата на истото се координира и помага од службеникот/ката за млади во Општината.

Улога и задачи на Иницијативниот одбор:

Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на ЛМС, • Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на Општината по принципот на јавност и транспарентност,

Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното локално собрание за млади.

Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на Општината и сакаат да учествуваат во основањето на Советот.

Задолжителни документи:

Портфолио на организацијата/ групата /здружението,

Годишна програма за работа,

Извештај за активности со млади во изминатата година,

Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт информации,

Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.

Начин на пријавување: сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите на јавниот повик можат да се пријават електронски по е-пошта на официјалната адреса, или лично на следната адреса:

Е-пошта: info@gostivari.gov.mk

Адреса: Општина Гостивар

Булевар Браќа Ѓиноски, бр. 61

Поштенски број: 1230 Гостивар

Рок за пријавување: 10.11.2022 до 24.11.2022 година