ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ ЗА МЛАДИ

Врз основа на член 36 и 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02), Член 16, 17, 18 од Законот за младинско учество и младински политики (Службен весник на РСМ бр. 10/2020) и член 42б од Статутот на Општина Гостивар, Председателот на совет донесува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ ЗА МЛАДИ

Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Гостивар распишува јавен повик за членство во Локалното собрание на млади. Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:
• Да имаат активности на територијата на Општина Гостивар;
• Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик;
• Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката да се жители на Општина Гостивар и да се на возраст од 15 до 29 години.
Пријавување: Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи на имејл: info@gostivari.gov.mk и да ги поднесат во архивата на Општина Гостивар, бул. Браќа Ѓиноски бр.61, со ознака “Апликација за членство во Собранието на Советот на млади”.

Задолжителни документи:
1.Портфолио за работата на организацијата. 2.Мотивациско писмо за учество во Локалното собрание на млади, но не повеќе од 1 страница. 3. Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Гостивар.
4.Номинација на делегат/ка и заменик-делегат/ка со контакт-детали за претставниците. Рокот за пријавување е од 05.12.2022 до 20.12.2022.

Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање Локално собрание на млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Гостивар.

За повеќе информации околку повикот може да се обратите на следните контакти: 042/214 600, info@gostivari.gov.mk