Известување

Почитувани граѓани,

Следствено на моите стремежи и на моите соработници, за да го подигнеме нивото на транспарентност во работата на Општина Гостивар, и со цел вие да станете активни чинители и активно да се вклучите во дебатите кои директно влијаат на вашите индивидуални, групни и колективни интереси, одлучив да јас како предлагач и раководителот на Одделението за буџет и контрола – Имер Мемеди во својство на изготвувач, да го презентираме предлог-буџетот на Гостивар за 2023 година.

Презентацијата ќе се одржи во четврток 22.12.2022 година,  со почеток во 16:00 часот во салата на Советот на Општина Гостивар.

Ве покануваме да учествувате на презентацијата и да кажете свои забелешки и предлози во однос на буџетот.

Вашите разумни предлози ќе бидат земени предвид, ќе се разгледаат и според можностите ќе бидат внесени во предлог-буџетот на Општината за 2023 година.

Со почит,Арбен ТаравариГрадоначалник на Гостивар