Општина Гостивар организираше тркалезна маса за подигање на свеста против насилството врз жените

Општина Гостивар во соработка со Националниот совет за родова еднаквост ја промовираше кампањата „Нема да молчам“, која трае од 25 ноември до 10 декември.
Завршувањето на кампањата денеска се заокрѕжи со тркалезна маса во просторите на YCC Гостивар, а присутни беа активисти, новинари и луѓе од граѓанското општество.
Главната цел на оваа кампања беше да ги поттикне жртвите и сведоците да пријават насилство на бесплатниот мобилен телефон SOS 141 700 без префикс, линија која е достапна 24/7 со гарантирана дискреција.
Покрај осудувањето на насилството, целта на кампањата беше да ги мотивира луѓето да не молчат кога се случува насилство врз жените, без разлика дали се жртви или сведоци, да се надмине стигматизацијата и двојната виктимизација на жртвите и да се поттикне дебата за спречување на насилството врз жените.
И по завршувањето на кампањата, бесплатната телефонска линија ќе биде достапна за пријавување насилство врз жените и ги охрабруваме сите жртви и сведоци да пријават насилство.