Општина Гостивар продолжува со поддршката на Младинскиот ресурсен центар „iCan“.

Младинскиот ресурсен центар „iCan“ ќе продолжи да биде поддржан од општина Гостивар, УНДП и швајцарската амбасада во Северна Македониа.

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во својот кабинет го прими заменик амбасадорот на Швајцарија Лусиен Агертер, претставник на УНДП и професор Азир Алиу како директор на младинскиот ресурсен центар „iCan“.

На средбата се разговараше за можноста за продолжување на соработката во иднина на центарот „iCan“, кој веќе се смета за модел на работа од различни фактори кај нас, но и во регионот, кој започна пред две години како партнеритет на општина Гостивар, Амбасадата на Швајцарија во нашата земја, УНДП и Универзитетот на Југоисточна Европа.

Во младинскиот центар „iCan“ може да се создадат простори за старт ап, обучување на младите и нивните вештини за пазарот на трудот, создавање база на податоци за човечките ресурси што ги поседува нашата земја, местото каде младите во секое време имаат простор, обука и различни активности, бизнис секторот наоѓа човечки ресурси, како и дигитална трансформација за нивните компании.

Денес, овој центар располага со ресурси да обезбеди обуки за невработените со цел тие да бидат покомпатибилни и усогласени со потребите на пазарот. „iCan“ планира во иднина да креира сервиси каде ќе се оптимизираат процесите и на општината и на граѓаните на Гостивар.