Градоначалникот Арбен Таравари на традиционален ручек со пензионирани турски наставници

,

 

Традиционално, како и секоја година, така и оваа, градоначалникот Арбен Таравари вчера на средба и свечен ручек ги пречека пензионираните турски наставници од Општина Гостивар.

На средбата, меѓу другото, се разговараше и за предизвиците на образованието, бидејќи вчера беше одбележан Меѓународниот ден на образованието.

Општина Гостивар и градоначалник Арбен Таравари веќе 5 години одржуваат вакви средби со сите наставници Албанци, Македонци и Турци.