Ден на жалост за жртвите од земјотресот – Oпштина Гостивар ги спушти знамињата на половина копје

 

Општина Гостивар ги спушти знамињата на половина копје по повод прогласувањето на денешниот ден за ден на жалост во Република Северна Македонија за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија.

На вчерашната вонредна седница Владата донесе одлука денеска (13.02) знамињата да бидат спуштени на половина копје во чест на жртвите од разорниот земјотрес во Турција и Сирија. Одлуката е донесена во знак на солидарност за големиот број жртви од земјотресите на 6 февруари.