Социјален дијалог „Учи паметно, работи стручно“

,

Секторот за образование при општина Гостивар, во соработка со Министерството за образование и наука, организираше социјален дијалог под мотото „Учи паметно, работи стручно“, чија цел е да се зголеми бројот на паралелки за дуално образование во средните стручни училишта и вклучување на стручниот кадар во гостиварските фирми.

Во оваа активност учествуваа ученици, наставници и раководители на средните стручни училишта, како и претставници од компаниите вклучени во оваа програма.

На средбата присуствуваше и градоначалникот на општина Гоствар, Арбен Таравари, кој во својот поздравен говор истакна дека во денешното општество кое постојано се развива и станува конкурентно, знаењето е моќ.

„Да се има соодветни вештини и образование е од суштинско значење за успехот. Континуирано работиме да на нашите деца им пружиме што подобри услови во стручните училишта и да бидат подготвени за пазарот на трудот“, истакна меѓу другото градоначалникот Таравари.

Дуалното образование се одвива во три општински средни училишта во Гостивар, од 2019 година, а тенденцијата е да се понуди обучен кадар за пазарот на трудот. Вреди да се напомене дека во последните три години, се зголемил интересот за стручните училишта во Гостивар, со што на пазарот на трудот се нудат се повеќе стручни кадри.
Кампањата за социјален дијалог „Учи паметно, работи стручно“ е поддржана од Амбасадата на Швајцарија во РСМ и Стопанските комори во земјава.