„Едно кафе со мојот доктор“, градоначалникот Арбен Таравари учествува на работилницата организирана од општина Гостивар и „ЕЗРА“

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари заедно со министерот за здравство Фатмир Меџитин учествуваа на работилницата „Едно кафе со мојот доктор“.

Оваа работилница ја организира Здружението за иницијативи за развој и унапредување на здравствените услуги и застапеност на пациентите „ЕЗРА“ во соработка со општина Гостивар во рамки на кампањата „Од мене до тебе“ со тема „Да се ​​подигне свеста за ракот на дојка“.

Инаку, ова е петта година по ред кое што Одделението за социјална заштита при општина Гостивар организира слични активности во Гостивар.