Општината го започнува проектот „Општини посветени на децата“

,

Општина Гостивар заедно со првата амбасада за деца во светот „Меѓаши“ и уште неколку општини ја започнаа реализацијата на проектот „Општини посветени на децата“

Целта на проектот е да се зајакне унапредувањето на детските права како и учеството на децата во локалното планирање преку зајакнување на општинските капацитети, креирање локални стратегии за правата на децата, создавање платформа за следење на правата на децата и зголемување на свеста за правата на децата.

Претставник на општина Гостивар беше директорката на Секторот за образование Аслиан Снопче, додека проектот се очекува да се реализира до јуни 2025 година.