Општина Гостивар го одбележа Меѓународниот ден на Даунов синдром

Со повеќе активности општина Гостивар го одбележа Меѓународниот ден на Даунов синдром.

Активностите започнаа од градскиот парк каде градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, заедно со здруженијата и центрите кои работат со луѓе со различни способности и соработници, ги обоија рацете со боја и оставија знаци на споменикот „Гостивар“.

Активностите продолжија со свечен ручек за овие лица и нивните семејства, додека општинската администрација им послужи храна за овие лица.

На активноста беа поканети Здружението за лица со различни потреби „Заедно можеме“, Дневниот центар за деца со посебни потреби и двете посебни паралели на основните училишта „Исмаил Ќемали“ и „Мустафа Кемал Ататурк“.

Инаку, во Гостивар традиционално веќе пет години се одбележува Меѓународниот ден на Даунов синдром.