Општина Гостивар организираше предавање за подобрување на квалитетот на објектите отпорни на земјотреси

 

Во салата на Советот на општина Гостивар, дипл.инг. l и докторант на Градежниот факултет во Скопје – Леарт Таравари, одржа предавање на тема: Основни принципи на асеизмичкo градење.

На предавањето присуствуваа голем број градежни инженери и архитекти.

Општина Гостивар виде за сходно да се одржи ова предавање, следствено на катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, со цел да се подигне свеста и квалитетот на градбите за што поголема отпорност кон земјотреси.