Градоначалникот Арбен Таравари на средба со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска во својот кабинет го прими амбасадорот на Чешката Република Јарослав Лудва.

Градоначалникот Арбен Таравари и амбасадорот Јарослав Лудва одржаа конструктивна и плодна средба, на која истакнаa дека пријателството со Чешка е многу важнa како докажан партнер на Северна Македонија во областа на европските интеграции и во многу други сфери од интерес на граѓаните на двете земји.

„На средбата со чешкиот амбасадор разговаравме за соработката помеѓу двете земји во однос на интеграциските процеси. Разговаравме за теми во донос на локалната власт и проблемите со кои се соочуваме во овие кризни моменти во нашата држава, владеењето на правото и борбата против корупцијата, уставните измени, како и за заеднички активности во иднина“, изјави градоначалникот на Гостивар Арбен. Таравари по средбата со чешкиот амбасадор во Скопје, Јарослав Лудва.

Вреди да се напомене дека општина Гостивар традиционално има одлични односи со земјите од Вишеградската група: Чешка, Словачка, Унгарија и Полска.