Општина Гостивар со План за заштита на амбиенталниот воздух

На предлог на градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, на 21-та седница на Советот на општина Гостивар, беше донесен Предлог-програма за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во општина Гостивар за периодот 2022-2026 година.

Планот е изгласан едногласно и покрај многуте проекти и активности за зголемување на квалитетот на воздухот, ќе овозможи и креирање на катастар преку кој точно ќе се знаат причините за загадувањето на воздухот во Гостивар.

Со одобрување на овој предлог, општина Гостивар за прв пат направи План за заштита на амбиенталниот воздух.

Инаку, го состави специјализираната компанија „Technolab“ Скопје, а според овој план се предвидени многу мерки и активности за намалување на аерозагадувањето во овој четиригодишен период.