Општина Гостивар со различни активности за заштита на животната средина

 

Општина Гостивар во текот на следните денови, во однос на заштитата на животната средина, ќе одбележи два настани од особено значење за општината.

На предлог на градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, на следната седница на 25 април, Советот на општина Гостивар, меѓу другото, има одобрение за четиригодишниот план за подобрување на квалитетот на амбиентален воздух за општина Гостивар.

Планот го состави специјализираната компанија „Technolab“ Скопје, а според овој план се предвидени многу мерки и активности за намалување на аерозагадувањето во овој четиригодишен период.

Исто така со истиот предлог, на 13 мај, општина Гостивар во соработка со здружението МАМ ќе спроведе голема акција за чистење во градот со мотото „Чистење за викенд“.