Градоначалникот Арбен Таравари потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот центар „BRAIN BEE“

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска потпиша Меморандум за соработка со претставникот на Меѓународниот центар „BRAIN BEE“, Емир Далипи.

Соработката вклучува поддршка за развој и зголемување на образовните можности за деца и млади надвор од рамките на образовните институции, придонес во локалната и регионалната соработка за унапредување на образованието, обезбедување обука и други форми на образование, поддршка во користењето на простори на младински центри итн.

Меѓународното здружение „BRAIN BEE“ ќе даде поддршка за програмите и плановите што ќе се креираат и ќе помогнат во вклучувањето на младите во образованието, науката и иновациите во општината.