Таравари: Градот Гостивар треба да биде модел за Северна Македонија за меѓуетничките односи

Општина Гостивар е меѓу првите општини каде што ќе се реализира проектот на ЦИВИЛ – Центар за слобода „Граѓански дијалог за односи меѓу заедниците“.

Во просториите на Советот на општина Гостивар, градоначалникот Арбен Таравари во своето излагање на тема меѓуетнички односи, истакна дека градот Гостивар е одличен пример за меѓуетнички соживот.

„Во првиот мандат го поставивме знамето на Турција пред општината, додека во вториот мандат го поставивме и ромското знаме и ние сме единствената општина во светот каде се вее ромското знаме. Ако гледате пред општината, се наоѓаат сите знамиња на етничките заедници“, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Градоначалникот Арбен Таравари исто така истакна дека Северна Македонија треба да го следи примерот на Гостивар во однос на соживот во мултиетничко општество.

„Често велам и со гордост велам дека Гостивар треба да биде модел за Северна Македонија, каде што етничките заедници соработуваат и коегзистираат во Гостивар. Соживотот е светол пример за мултиетничко општество. Културниот живот се развива заеднички, секаде и може да се каже дека ее разликуваме од другите општини во Македонија“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

На крајот, градоначалникот Арбен Таравари рече дека Гостивар, гостиварчани секојдневно демонстрираат емпатија еден кон друг и се разликуваат од другите општини во однос на меѓуетничкиот соживот.

„Ова е нашата судбина, дефинитивно мора да живееме заедно овде во Гостивар и да покажеме што е можно поголема емпатија еден кон друг“, истакна меѓу другото градоначалникот Арбен Таравари.